Спортскиот директор на Манчестер јунајтед Ден Ешворт ја напушти функцијата помалку од шест месеци откако беше назначен објави „The Athletic“.
Ешворт официјално му се приклучи на Јунајтед на 1 јули, откако претходно имаше слична улога во Њукасл.
Соопштено е дека заминувањето на Англичанецот било договорено на состанокот со генералниот директор на клубот Омар Берада по вчерашниот натпреварот од 15. коло од Премиер лигата со Нотингем Форест (2:3).
Ешворт беше одговорен за перформансите на тимот, како и за одлуката да се обнови договорот на поранешниот главен тренер Ерик тен Хаг.
Функционерот беше одговорен и за големите трошења на летото, во кои беа вклучени трансферите на Лени Јоро, Мануел Угарте, Матијс де Лихт, Нусаир Мазрауи и Џошуа Зиркзи, вредни околу 200 милиони фунти.
По 15 натпревари, Манчестер јунајтед е на 13. место во поредокот на англискиот шампионат, со 19 бодови