Полициски службеници од СВР Струмица, вчера во Струмица, го лишиле од слобода триесет и шестгодишниот струмичанец Ш.М.
Како што соопшти денеска МВР, тој бил осуден на казна затвор од десет години за сторени кривични дела „тешка кражба“, а бил баран по потерница врз основа на наредба на Казнено поправна установа – Затвор Штип за доиздржување на шест години, седум месеци и 19 дена од казната.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на казната.