Барселона ќе поднесе жалба поради црвениот картон на тренерот Ханси Флик.
Тренерот на Барса беше исклучен во 66. минута од натпреварот со Бетис во Ла Лига (2:2) поради расправија со судијата за досуден пенал против Каталонците.
Во извештајот од натпреварот се наведува дека причина за отстранувањето биле вербални испади, гестикулациите и протестите на Флик против одлуката на судијата Алехандро Муњиз. За ваков прекршок следуваат минимум два меча дисквалификација.
Дисциплинската комисија на Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) ќе донесе одлука следната недела.
Во следните два натпревари од Ла Лига, Барселона ќе игра против Леганес и Атлетико Мадрид. Двата натпревари ќе се одиграат на домашниот стадион на Блауграна.