Тимот на Челзи го совлада Тотенхем со 4:3 на гостински терен во денешниот натпревар од 15. коло на Премиер лигата. Домаќините водеа со 2:0, но Челзи направи резултатски пресврт.
„Сините“ ја извојуваа петтата победа во низа во сите натпреварувања со вкупен резултат 16:5.
Серијата без пораз на лондончани сега изнесува вкупно осум натпревари - последниот беше против Њукасл (0:2) во англискиот Лига куп на 30 октомври.
Челзи се искачи на второто место во премиерлигашкиот поредок со 31 бод, четири помалку од лидерот Ливерпул.
Во следниот натпревар Челзи ќе игра против Астана во Конференциската лига. Средбата ќе се одржи во Казахстан на 12 декември.