Меѓународната федерација на асоцијации на професионални фудбалери (ФИФПРО) го претстави својот симболичен тим на годината.
Меѓу номинираните имаше 26 фудбалери, а во конечниот состав на симболичниот тим не се најдоа аргентинскиот напаѓач на Интер Мајами, Лионел Меси и португалскиот напаѓач на Ал-Наср, Кристијано Роналдо.
Во гласањето учествуваа 21.266 фудбалери.
Голман: Едерсон (Манчестер Сити, Бразил);
Одбрана: Даниел Карвахал (Реал Мадрид, Шпанија), Антонио Рудигер (Реал Мадрид, Германија), Вирџил ван Дајк (Ливерпул, Холандија).
Среден ред: Кевин Де Брујне (Манчестер сити, Белгија), Родри (Реал Мадрид, Шпанија), Тони Крос (Реал Мадрид, Германија), Џуд Белингем (Реал Мадрид, Англија).
Напад: Килијан Мбапе (ПСЖ/Реал Мадрид, Франција), Ерлинг Халанд (Манчестер сити, Норвешка), Винисиус Жуниор (Реал Мадрид, Бразил)