Фудбалерот на Реал Мадрид и француски репрезентативец Килијан Мбапе се пожали на збиениот натпреварувачки календар.

- Сакате да играме, ќе играме. Но, немаме период на опоравување. Секогаш сакам да играм. Но, дајте ни време да се одмориме. Во НБА кошаркарите имаат четиримесечен одмор. Ние само две недели сме на одмор. Кога го гледам рангирањето на најплатените спортисти, гледам претставници на други спортови. Вистина е дека заработуваме многу пари. Не велам дека не сакаме да играме, но дајте ни одмор. Сакам да се опуштам бидејќи времето ми е вредно. Можат да ме фотографираат илјада пати, не ми е гајле, изјави Мбапе за „Канал+“.

Претходно многу тренери и фудбалери од врвните европски екипи изразија негодување за големиот број натпревари во текот на годината.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/12/2024 00:36