Голманот на Ливерпул, Алисон закрепна од повредата и е подготвен да игра против Жирона во Лигата на шампионите.

- Дефинитивно е убаво да се врати и повторно да биде на располагање. Алисон е толку извонреден играч за нашиот клуб толку многу години што очекуваме и се надеваме дека ќе продолжи да го прави истото во неделите и месеците што следат, рече тренерот на Ливерпул, Арне Слот на прес-конференција.

Алисон пропушти повеќе од два месеци поради повреда на тетивата што ја доби во победата од 1-0 во Премиер лигата над Кристал Палас во октомври.

Натпреварот Жирона – Ливерпул од 6. коло во Лигата на шампионите ќе се игра вечер од 18:45 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/12/2024 10:13