По повод шест години од постоењето на независниот театар Театар Првокација, утревечер во Младинскиот културен центар (МКЦ) премиерно ќе биде изведена претставата „Земја на штркови“.

- Претставата „Земја на штркови“ е за големиот бран на иселување на младите луѓе од својата татковина. Оваа претстава и ги следи животните разидувања на два пара во однос на иселувањето од Македонија. Едниот – разделен пред 20-тина години, а другиот – го живее моментот на разидување од истите причини, соопшти Театар Првокација.

Досега Театар Провокација ги реализираше следниве претстави: „Скандал“, „Ожени ме“, „Разведи ме“, „Пациенти“, „Земја на штркови“, како и претставите за деца: „Веселиот Дедо Мраз“, „Како ли да го задржам Дедо Мраз кај нас“, „Зеленковци“, „Јас сум Акико“, „Другарство“, „Штурците и мравките“.

Театар Провокација учествувал и на два фестивала: Фестивал на балканската независна театарска сцена „Провокација“ и Фестивалот на дуодрама „Бранко Ѓорчев“ – Неготино.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/12/2024 14:37