За само седум минути се распродадени билетите за големото ракометно дерби Еурофарм Пелистер - Вардар кое се игра в сабота од 18 часот во салата „Боро Чурлески“ во Битола.
Најавено е и присуство на навивачите на Вардар „Комити“, па се очекува уште еден спектакл.
Голем интерес владее во Битола за саботниот меч, а многу навивачи на Пелистер кои останаа без можност да набават билет, бараат пред салата да биде поставен видеобим.
Еурофарм Пелистер кој ја брани шампионската титула, заедно со Вардар и со Алкалоид се најголемите претенденти за трофејот.