Парламентот на Јужна Кореја денеска усвои предлог за разрешување на началникот на националната полиција и министерот за правда поради нивната улога во спроведувањето на рестриктивните мерки за време на воената состојба, која неколку часа беше воведена минатата недела.

Законодавниот дом со мнозинство од опозицијата планира да поднесе втора иницијатива за импичмент на претседателот Јун Сук-Јол, откако првото гласање не успеа поради бојкотот на владејачката партија.

Претходно денеска, Јун имаше телевизиско обраќање во кое го бранеше својот вонреден декрет како државнички чин и ги отфрли обвинувањата за бунт.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/12/2024 10:39