Американскиот претседател Доналд Трамп е прогласен за „Личност на годината“ од магазинот „Тајм“, пишуваат американските медиуми.

Новоизбраниот претседател на САД ги победи принцезата од Велс и Илон Маск, кои исто така беа во потесниот избор.

Скај Њуз пишува дека Трамп, кој преживеа два обиди за атентат во изминатите неколку месеци, наградата ќе ја прослави со удирање во звоното (отворање) на денешната њујоршката берза.

Бизнис магнатот, 78-годишниот Трамп, беше прогласен за личност на годината од истиот магазин и во 2016 година, годината кога првпат влезе во Белата куќа



Автор: Администратор
Објавено на: 12/12/2024 15:25