Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ја отфрли можноста да биде заменик канцелар на неговиот конзервативен ривал Фридрих Мерц по предвремените избори, што треба да се одржат во февруари.

Според анкетите, Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на Мерц и нејзината сестринска партија од Баварија, Христијанско-социјалната унија (ЦСУ) имаат поголем рејтинг од Социјалдемократите на Шолц (СПД).

Ако СПД навистина заврши во друга така наречена голема коалиција со блокот ЦДУ/ЦСУ, како што се случи во три наврати за време на Меркел, можни кандидати за вицеканцелар би можеле да бидат актуелниот министер за одбрана Борис Писториус или партискиот заменик-претседателот Ларс Клингбејл.

Трипартиската коалиција на Шолц се распадна на почетокот на ноември, поради што ќе се организираат предвремени парламентарни избори. Шолц вчера официјално побара од Парламентот гласање за доверба, што треба да се одржи в понеделник. Најверојатно ќе биде изгласана недоверба, по што Шолц може да побара од претседателот Франк-Валтер Штајнмаер да го распушти Парламентот и да распише нови избори, кои мора да се одржат во рок од 60 дена. Изборите се очекува да се одржат на 23 февруари

Шолц беше заменик-канцелар на неговата претходничка Ангела Меркел.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/12/2024 22:06