Претседателот на Кина, Си Џинпинг на денешната средба со заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, истакна дека Пекинг се залага за брзо смирување на ситуацијата во Украина.
- По прашањето за украинската криза, Кина повеќепати ја истакнуваше својата намера да се придржува до трите принципи – спречување на проширување на борбената зона, ескалација на конфликтот и поттикнување оган од која било страна. Кина ќе продолжи да ја одржува својата доследна позиција и работа со меѓународната заедница за создавање поволни услови за политичко решение на кризата, истакна Си.
Тој додаде дека Кина е подготвена да ја зајакне координацијата на развојните стратегии со Русија и да ги идентификува внатрешните двигатели на билатералната соработка.
- Кина и Русија треба да одржуваат блиска комуникација и соработка во мултилатерални рамки како што се Обединети нации, Механизмот за соработка на БРИКС и Шангајската организација за соработка, цврсто да го чуваат меѓународниот систем, да практикуваат вистински мултилатерализам и да го промовираат меѓународниот поредок кон поправедна и поразумна насока на развој и заеднички да ја зачуваме глобалната стратешка стабилност и меѓународното право, наведе Си на средбата со лидерот на Единствена Русија.