Неидентификувани беспилотни летала се забележани над чувствителни индустриски локации и американската воздухопловна база „Рамштајн“ во Германија во последните неколку недели, објави денеска „Шпигел“, повикувајќи се на доверлив извештај на германските безбедносни власти.
Во извештајот се наведува дека повеќе беспилотни летала биле забележани во вечерните часови на 3 и 4 декември над „Рамштајн“, рече изворот.
Се истакнува дека беспилотни летала се забележани и над локациите на германскиот производител на оружје „Рајнметал“ и хемиската компанија БАСФ.