Три феминистички активистки денеска се приведени откако го оштетија споменикот пред комплексот Обединети нации во Женева во знак на протест поради војната на Русија против Украина и неуспехот на ОН да стави крај на конфликтот.

Две припаднички на групата Фемен со моторна пила ја сечеа дрвената скулптура позната како „Скршено столче“. Скулптура висока 12 метри, е оштетена во долниот дел, а го симболизира повикот за забрана на „оружје за уништување“.

Две жени носеа ленти на нозете во сина и жолта боја, алудирајќи на украинското знаме.

Демонстрантките на голите гради и грб им беа испишани зборовите „стоп за мините“ и постојано извикуваа пцости против ОН и Русија. Тие одбија да разговараат со новинарите.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/12/2024 04:24