Најмалку едно лице е уапсено на пропалестинскиот студентски протест во италијанскиот град Торино по судирот помеѓу демонстрантите и полицијата.
Полицијата употреби сила за да ги спречи демонстрантите кои се обидоа да го пробијат кордонот пред Политехничкиот универзитет.
Претходно во Торино студентите протестираа поради недоволното вложување на италијанската Влада во младите, но и поради израелскиот геноцид во Појасот Газа.
Студентите повикаа на поголеми инвестиции во образованието, како и меѓународна солидарност и акции против израелската агресија во Појасот Газа.
- Ние сме против власта, која не се грижи за младите и сме против империјалистичката војна. Геноцид се случува и секој што нема да излезе на улица со нас е соучесник, порачаа демонстрантите.