Конзервативната Влада на Австрија денеска соопшти дека на сириските бегалци им нуди 1.000 евра за да се вратат во татковината по падот на режимот на Башар ал Асад.

- Австрија ќе ги поддржи Сиријците кои сакаат да се вратат во својата татковина со бонус за враќање бонус од 1.000 евра. На земјата сега и требаат нејзините граѓани да ја обноват, истакна канцеларот Карл Нехамер.

Враќањето на Сиријците против нивна волја не е можно додека не стане јасно во која насока ќе се движи Сирија. Засега австриската Влада најави дека ќе се фокусира на доброволно враќање. Исто така, престана да ги обработува барањата за азил, како и повеќе од десетина земји од ЕУ.

Како и другите конзервативни влади во Европа, Нехамер е под притисок на десницата за имиграцијата. Сиријците се најмногубројни баратели на азил во Австрија.

Сè уште е непознато колку Сиријци ќе го прифатат „бонусот за враќање“. „Аустриан ерлајнс“ (Austrian Airlines) ги суспендира летовите кон Блиски Исток поради безбедносната ситуација, а карта во еден правец до Дамаск со „Туркиш ерлајнс“ (Turkish Airlines) чини најмалку 1.066,10 евра



Автор: Администратор
Објавено на: 14/12/2024 04:58