Ракометарките на Норвешка се пласираа во финалето на Европското првенство, откако во вечерашното полуфинале во Виена ја победија унгарската репрезентација со 30-22 (13-11).
Норвешка, која е актуелен олимписки шампион, а на завршницата во Виена ќе се обиде да ја освои својата трета последователна континентална титула, а вкупно 10-та европска титула, стекнаа клучна предност во дуелот со Унгарија на почетокот на второто полувреме кога се одлепија на недостижни 21-15.
Хени Ела Рајстад ја предводеше Норвешка со седум голови.
Во финалето в недела Норвешка ќе игра против победникот од вториот полуфинален дуел меѓу Данска и Франција.