Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва останува на интензивна нега и треба да биде подложен на тестови на анализи на крвта подоцна денеска додека закрепнува од итната операција на почетокот на оваа недела, соопшти медицинскиот тим.

Бразилскиот лидер беше опериран во болницата Сирио-Либанес во Сао Паоло за да се запре крварење во главата, во близина на мозокот.

Во соопштението од лекарскиот тим е наведено дека Лула нормално јаде, дека е во добра психичка состојба и оти пешачел по болничките ходници, како и дека добро закрепнува по две операции, вклучително и дренажа на хематом во главата. Неговиот лекар Роберто Калила соопшти дека Лула бил подложен на втора операција за да се спречи нов мозочен удар.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/12/2024 03:36