Ирански суд го осуди иранско-американскиот новинар Реза Вализаде на 10 години затвор затоа што работел за радио станица финансирана од САД, соопшти денеска неговиот адвокат Хосеин Агаси.

Иранските власти и американскиот Стејт департмент претходно потврдија дека Вализаде е затворен во Иран.

Тој беше вработен во радио станицата Фарда со седиште во Прага, огранок на Радио Слободна Европа (РСЕ), која е под јурисдикција на американската агенција за глобални медиуми.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/12/2024 03:36