Маж на возраст од 22 години денеска уби пет лица во северна Франција, по што и се предал на жандармеријата, признавајќи ја одговорноста за нападите.

Четирите жртви, убиени во близина на Данкерк, се двајца чувари и двајца мигранти, додека петтата жртва, 29-годишен бизнисмен, починал во Вормхаут.

Според весникот Призиен, жандармеријата околу 15 часот добила дојава за пукање и едно лице кое било пронајдено во несвест. По пристигнувањето, еден маж бил пронајден со повеќе повреди, меѓу кои и прострелна рана во главата. Лекарите на местото на настанот можеле само да констатираат смрт.

Сопругата на жртвата, која била во куќата за време на нападот, изјавила дека нејзиниот сопруг излегол да провери што се случува откако слушнал звук од автомобил. Тогаш непознатиот напаѓач излегол од возилото и испукал неколку куршуми кон него пред да избега.

Околу 17:00 часот, 22-годишен француски државјанин се појавил во станицата на жандармеријата во Гивелде, каде ја признал одговорноста за убиството во Вормхаут и за четири убиства во Лун-Плаж, информира извор близок до истрагата. Во неговото возило биле пронајдени четири огнени оружја, а напаѓачот веднаш бил уапсен.

Инспекторите сметаат дека причината за нападот би можела да биде спор меѓу осомничениот и компанијата на која и припаѓала жртвата од Вормхаут. Осомничениот споменал поранешни колеги, но расистичкиот мотив засега не е во центарот на истрагата.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/12/2024 03:37