Кошаркарите на Оклахома Сити Тандер се пласираа во финалето на овогодинешниот НБА Куп по победата над Хјустон Рокетс со 111-96.
Во тимот на Оклахома најдобри беа Шаи Гилгеус-Александер со 32 и Исаја Хартенштајн со 21 поен. Хјустон го предводеше Амен Томпсон со 19 поени.
Во финалето Оклахома Сити, моментално водечкиот тим во Западната конференција, ќе се сретне со Милвоки Бакс, кои играат во променлива форма и се само шести на истокот, но во првото полуфинале беа подобри од Атланта со 110- 102.
Финалето ќе се игра во среда во Лас Вегас.
Ова е второ издание на НБА Купот. Првиот пехар го освоија Лос Анџелес Лејкерс