Отповиканиот претседател на Јужна Кореја, Јун Сук Јеол, не одговорил на денешната покана од обвинителството, кое поради планира да му испрати нова покана како дел од истрагата за неговата одлука да прогласи воена состојба, јавија локалните медиуми.

Јун и неколку високи јужнокорејски функционери се соочуваат со кривична истрага за можни обвиненија за бунт, злоупотреба на власта и попречување на граѓаните да ги остварат своите права.

Ли Џае Мјунг, лидерот на главната јужнокорејска опозициска Демократска партија (ДП), претходно денеска предложи формирање на консултативно тело кое ќе ја координира работата на парламентот и владата за стабилизирање на власта во земјата еден ден по импичментот на претседателот Јун.

- Нормализацијата во Република Кореја е итно потребна. Демократската партија активно ќе соработува со сите политички партии за да се стабилизира владата и да се врати меѓународната доверба, рече Ли на прес-конференција, пренесе Јонхап.

Јун вчера најави дека нема да се повлече откако парламентот гласаше за негово отповикување и рече дека ќе се бори до последен момент



Автор: Администратор
Објавено на: 16/12/2024 04:09