Руските сили од 9 до 15 декември против Украина употребиле скоро 630 наведувани воздушни бомби, око 550 јуришни дронови и повеќе од 100 проектили, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.
- Само во текот на оваа недела, Русија употреби речиси 630 наведувани воздушни бомби, околу 550 јуришни дронови и повеќе од 100 проектили од различни типови против Украина. Благодарен сум на војниците кои ја бранат Украина, на партнерите кои ја разбираат нашата потреба да ја зајакнеме противвоздушната одбрана, да ги спасиме животите на нашиот народ, напиша Зеленски на социјалните мрежи.
Тој истакна дека сега светот треба да биде обединет и посилен од кога било.
Според него, на крајот на краиштата, „присилувањето на Русија и нејзините сојузници да се откажат од теророт и да постигнат праведен мир е можно само со сила и единство“.
Како што е соопштено, утрото на 13 декември Русија изврши уште еден масивен напад врз украинската енергетска инфраструктура.
Во нападот беа оштетени згради во неколку области.