Во празничната атмосфера на КАМ Мол Ѓорче, основното училиште „Мирче Ацев“ го одржа традиционалниот новогодишен базар, кој изобилуваше со креативност, насмевки и радост.

Учениците ги претставија своите уникатни рачни изработки – новогодишни украси, декорации и подароци, привлекувајќи големо внимание од сите посетители. Специјален гостин беше Дедо Мраз, кој ги израдува најмладите, додека волонтерите од Црвениот крст внесеа дополнителна топлина и го потврдија својот пример на хуманост и посветеност кон заедницата.

„Посебна чест и задоволство ми беше да бидам дел од овој прекрасен настан. Горди сме на нашите најмлади, кои со својата креативност и труд придонесоа за овој магичен празничен момент. Настани како овие го покажуваат вистинскиот дух на нашата заедница – солидарност, заедништво и љубов,“ изјави градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

Тој истакна дека ваквите активности се важни за градењето на заедницата и за поттикнување на хуманоста и креативноста кај најмладите.

Новогодишниот базар заврши успешно, оставајќи зад себе празнична магија и радост кај сите кои го посетија. Општина Ѓорче Петров и натаму ќе продолжи да ги поддржува ваквите иницијативи, кои промовираат креативност, хуманост и заедништво.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/12/2024 04:23