Ракометарките на Унгарија го освоија бронзениот медал на Европското првенство, откако ја совладаа Франција во мечот за третото место во Виена со резултат 25:24.
Кај унгарскиот тим најефикасна беше Катрин Клујбер, која постигна девет гола.
Во француската репрезентација најдобри беа Полета Фопа, Естел Нзе Минко и Грас Зади кои по четири пати се запишаа во листата на стрелците