Русија префрли дел од персоналот од својата амбасада во сирискиот главен град Дамаск, објави денеска руското Министерство за надворешни работи во Москва.

Покрај персоналот на руската амбасада, евакуирани се и вработени во дипломатските претставништва на Северна Кореја и Белорусија, како и персонал од мисијата на непризнатата отцепена република Абхазија, пренесе ДПА.

- Специјалниот авион, кој полета од рускиот воен аеродром Хмеимим во Сирија, пристигна во Москва, соопшти МНР на Русија.

Сепак, се нагласува дека руската амбасада во Дамаск не е затворена и продолжува со работа, но не се наведува причината за делумната евакуација.

Русија со години го поддржуваше соборениот сириски претседател Башар ал Асад, кој по превратот во Сирија минатата недала со руска помош беше транспортиран од Дамаск во Москва каде што доби политички азил.

Русија во моментов се обидува да преговара со новите власти во Сирија во врска со користењето на воениот аеродром Хмеимим и поморската база во Тартус.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/12/2024 04:43