Словачкиот претседател Петер Пелегрини изјави дека Украина ќе мора да направи територијални отстапки за да постигне мир, нагласувајќи дека тоа е „заедничка, реална“ позиција во Европа.
„Кога зборуваме за мир, мислам дека треба да бидеме реални. Денес ретко кој сериозен човек во Европа верува дека мирот може да се постигне без делумни територијални загуби за Украина“, изјави Пелегрини за телевизијата STVR.
Тој додаде дека неговото мислење се базира на состојбата на теренот и информациите што ги добива секојдневно. Словачкиот претседател се надева дека сите инволвирани страни наскоро ќе седнат на преговарачка маса и ги повика да го сторат тоа што е можно поскоро.