Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека руските сили досега оваа година зазеле 189 локации во Украина.
-Руските вооружени сили цврсто ја поседуваат стратешката иницијатива долж целата контактна линија, рече Путин на состанокот на Министерството за одбрана во Москва.
Министерот за одбрана, Андреј Белоусов тврдеше дека е освоена вкупна површина од 4.500 квадратни километри украинска територија.
Руските бројки не можат да се проверат независно. Сепак, независните набљудувачи потврдуваат дека Русите постигнале територијални придобивки оваа година.
Белоусов рече дека повеќе од 1.200 доброволци во моментов потпишуваат договор за воена служба секој ден. „Само оваа година, повеќе од 427.000 војници се веќе регрутирани“, рече тој, додавајќи дека Русија сега троши третина од својот буџет, 32,5 отсто, за одбрана.