Владата на Велика Британија одобри продажба на компанијата „Ројал мејл“ (Royal mail) на чешкиот милијардер Даниел Кретенски, со што поштата првпат во 500-годишната историја ќе биде во приватна сопственост.
Властите потврдија дека ЕП групата на Кретенски за 3,6 милијарди фунти (4,3 милијарди евра) ќе биде сопственик на британската државна пошта „Интернешнл дистрибушн сервисис (International Distribution Services).
Договорот помеѓу ИДС и Кретенски е постигнат во мај, но се чекаше одобрение во согласност со законите за национална безбедност поради важноста на поштенската служба во Велика Британија.
Седиштето на ИДС ќе остане во Велика Британија и британската Влада ќе го задржи така наречениот „златен удел“, што значи дека ќе мора да ги одобри сите клучни промени во сопственоста на Поштата.
Договорот за преземање треба да биде изгласан и од акционерите, а тоа ќе се случи најверојатно на почетокот на 2025 година.
Кралската пошта, една од најстарите институции во Велика Британија, почна со работа во 16 век и беше институција исклучиво за монархот и кралскиот двор. Таа стана јавна поштенска услуга во 17 век. ИДС беше приватизирана во 2013 година