Независниот кандидат за претседател на Романија, Калин Георгеску, денеска се појави пред Врховниот касационен суд за да ја оспори одлуката на Централната изборна комисија за повторно одржување на претседателските избори.
Уставниот суд ги поништи изборите одржани на 6 декември поради, поради, како што беше наведено, „руски хибридни напади“ кои влијаеле на регуларноста на изборниот процес. Врз основа на оваа одлука, се повторуваат целите избори.
Георгеску и невладината организација „Коалиција за заштита на правната држава“ поднеле тужба против неколку институции, вклучувајќи ја и Владата, армијата и претседателот Клаус Јоханис.