Унгарија и Словачка ја блокираат Европската унија да воведе санкции против Грузија, јави ДПА.

Унгарскиот министер Петер Сијарто го оправда потегот со тврдењето дека ЕУ е на страната на демонстрантите кои протестираат против резултатите од парламентарните избори во октомври и последователната одлука на владејачката партија Грузиски сон да ги замрзне пристапните преговори со блокот за најмалку четири години.

Грузија е мета затоа што на изборите победи патриотска и конзервативна формација, а не либерални сили, увери Сијарто на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ синоќа во Брисел.

Унијата планира да воведе забрани за влез на неколку функционери одговорни за полициското насилство и да нареди замрзнување на сите средства што можеби ги имаат под нејзина јурисдикција. Ја има поддршката од значително мнозинство земји од ЕУ.

Некои од нив презедоа индивидуални активности. Литванија вчера го прошири опсегот на своите санкции против грузиското раководство - еден ден откако Естонија презеде слична акција.

Портпаролот на американскиот Стејт департмент Метју Милер синоќа објави дека Вашингтон подготвува нови санкции против Грузија.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/12/2024 12:06