Генерал-полковник Игор Кирилов, началникот на радијациските, хемиски и биолошки одбранбени трупи на руските вооружени сили, беше убиен на 17 декември во операција на Службата за безбедност на Украина (СБУ), изјави извор од агенцијата за Киев Индипендент.
Кирилов и уште еден руски војник загинаа во експлозија во Москва. Украина претходно го обвини командантот за употреба на забрането хемиско оружје во војната против Украина.
Според изворот, експлозивот прикачен на скутер се активирал кога Кирилов и неговиот помошник се приближиле до влезот на куќата на Рјазански проспект во Москва.
„Кирилов беше воен злосторник и целосно легитимна цел, бидејќи даваше наредби за употреба на забрането хемиско оружје против украинската војска...Одмаздата за воените злосторства е неизбежна“, изјавилл изворот, објави Киев индипендент