Комесарката за проширување на Европската унија, Марта Кос денеска изјави дека има нова динамика во процесот на проширување и дека се постигнува напредок.
Кос на новинарите по пристигнувањето на состанокот на Советот за општи работи на ЕУ изјави дека ова е прв состанок откако таа ја презеде функцијата, на кој ќе се сретне со министрите кои одлучуваат за важни заклучоци за проширувањето. „Постои нова динамика во процесот на проширување и напредуваме. Вчера затворивме три поглавја од преговорите со Црна Гора, а денеска отвораме кластер со Албанија. Честитки“, наведе Кос во oбјавата на мрежата Х.
Таа изјави дека од една страна ќе им помогне на земјите-кандидати да ги спроведат своите реформи и да продолжат во пристапниот процес, а од друга страна ќе соработува со земјите-членки целиот процес да биде што е можно поефикасен.