Данска го одби барањето на Јапонија за екстрадиција на активистот за борба против лов на китови Пол Вотсон поради кривични пријави кои датираат од пред повеќе од една деценија, изјави денеска дански адвокат што го застапува Вотсон.
Вотсон (74), кој е двоен државјанин на САД и Канада и основач на две групи за заштита на природата, беше уапсен во јули на Гренланд кога неговиот брод се закотви на данската автономна територија.
Јапонија распиша меѓународна потерница за апсење на Вотсон поради сомневање дека во 2010 година во Антарктичкиот океан неовластено влегол на јапонски брод, со што го нарушил неговото работење и предизвикал материјална штета