Велика Британија нема да тагува за смртта на Игор Кирилов, соопшти Даунинг стрит 10.

Портпаролот на британскиот премиер изјави дека Кирилов „пропагирал нелегална инвазија и наметнал страдање и смрт на украинскиот народ“.

- Отсекогаш бевме јасни дека Украина има право на самоодбрана од илегалната војна на Русија, додаде тој.

- Како што рече премиерот вчера, Русија денес би можела да стави крај на овој конфликт. Руската агресија е таа што го предизвикува овој конфликт и постојаното страдање на украинскиот народ, додал портпаролот.

Игор Кирилов беше шеф на руските сили за нуклеарна, биолошка и хемиска одбрана од 2017 година. Кирилов (54) е роден на 13 јули 1970 година во Кострома, западна Русија. Студирал на Вишата воена командна школа за хемиска одбрана Кострома, каде што дипломирал во 2007 година.

За време на неговиот престој таму, помеѓу 1991 и 1995 година, служел како командант на вод во Западната група на сили во Германија и Московскиот воен округ. По дипломирањето, тој зазеде различни позиции во руските нуклеарни, биолошки и хемиски одбранбени сили, за на крајот да стане началник во 2017 година.

За време на неговата воена кариера, тој беше познат по тоа што помогна во развојот на тешкиот пламенофрлачки систем TOS-2 Тосочка. Тој е обвинет за употреба на забрането хемиско оружје за време на војната во Украина, како и отровно средство за задушување – хлоропикрин.

Во атентат на Кирилов загина и неговиот помошник Иља Поликарпов.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/12/2024 04:07