Рускиот Државен истражен одбор соопшти дека смртта на генерал Игор Кирилов го смета за терористички чин. Во соопштението се истакнува дека се спроведуваат истражни дејствија и оперативно-истражни мерки со цел да се утврдат сите околности на стореното кривично дело.

Генерал Кирилов и неговиот помошник Илја Поликарпов денеска се убиени во Москва во експлозија на бомба. Украинската разузнавачка служба утрово потврди дека стои зад убиството на Кирилов и Поликарпов.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи., Марија Захарова на Телеграм објави дека Кирилов „систематски ги разоткри злосторствата на Англосаксонците преку факти“.

- Тој работеше бестрашно. Не се криеше зад грбот на луѓето. Се соочуваше со проблеми. За татковината, за вистината. Вечен помен, напиша Захарова на Телграм.

Додека заменик претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев најави дека Украина ќе се соочи со одмазда поради убиството на Кирилов.

- Воено-политичкото раководство на режимот во Киев ќе се соочи со неизбежна одмазда за атентатот на Кирилов. Сфаќајќи ја неизбежноста на својот воен пораз, презема кукавички и презирни напади врз мирните градови, наведе Медведев



Автор: Администратор
Објавено на: 18/12/2024 04:10