Денешниот атентат врз рускиот генерал Игор Кирилов во Москва е индикатор дека украинските безбедносни служби таргетираат високи руски поединци поврзани со конкретни настани или со клучни вештини за руската војна во Украина.

Убиството на генерал Кирилов не е прво. Високиот офицер на руската морнарица Валери Транковски на 13 ноември загина во експлозија на автомобил-бомба на Крим.

Неименуван претставник на Службата за безбедност на Украина (СБУ) тогаш за „Киев индипендент“ изјави дека Транковски бил воен злосторник кој наредил напади со крстосувачки ракети врз цивилни цели во Украина.

Исто така се претпоставува дека украинското разузнавање е вмешано во убиството на рускиот научник Михаило Шацки, кој загина на 12 декември во близина на Москва. За Шацки се тврди дека бил вклучен во руската ракетна програма и развојот на софтвер за вештачка интелигенција за беспилотни летала.

Украинската разузнавачка служба утрово потврди дека стои зад убиството на рускиот генерал Игор Кирилов и неговиот помошник Илја Поликарпов. Атентатот е извршено со експлозив поставен на скутер, кој бил паркиран до влезот на зградата. Експлозивот бил активиран кога Кирилов и Поликарпов излегле од зградата.

Генерал Кирилов е роден 1970 во Кострома, западна Русија. По дипломирањето на Вишата воена командна школа за хемиска одбрана Кострома, тој беше назначен на различни позиции во руските нуклеарни, биолошки и хемиски одбранбени сили, а од 2017 година беше командант на тие сили.

За време на неговата воена кариера, тој беше познат по тоа што помогна во развојот на тешкиот пламенофрлачки систем ТОС-2 Тосочка. Тој е обвинет за употреба на забрането хемиско оружје за време на војната во Украина, како и за отровниот асфиксиант – хлоропикрин



Автор: Администратор
Објавено на: 18/12/2024 04:12