Виенските власти разгледуваат можност за демонтажа на спомен-плочата на Јосиф Сталин, која е поставена од советските окупациски сили по Втората светска војна, јавува ОРФ.

Спомен-плочата, откриена во 1949 година, се наоѓа на зграда во која Сталин престојувал во 1913 година. Во 2012 година е додадена нова плоча која оддава почит на жртвите на сталинизмот.

Австриската социјалдемократска партија (АСДП) и НЕОС сметаат дека е неопходно ваквите историски споменици да бидат ставени во современ контекст и бараат одговорност во соочувањето со минатото.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/12/2024 04:14