Руски воен суд осуди маж на 20 години затвор поради обид за труење војници како поддршка на Украина, соопшти денеска службата за безбедност ФСБ.

Судот го прогласи човекот, жител на градот Барнаул во регионот Алтај во Сибир, за виновен за „обид за напад“ и „обид за велепредавство“ и го осуди на 20 години затвор.

-Овој руски државјанин, роден во 1981 година, стапил во контакт со украинските специјални служби преку социјалните мрежи и ја изразил својата „желба да ги поддржи украинските вооружени сили“, се вели во соопштението.

„Како вработен во менза, тој се обидел да отруе војници кои беа дел од мобилизираниот контингент во Алтај“, снимајќи го процесот за украинските специјални сили, се вели во соопштението.

Анализите покажаа дека супстанцата што ја ставил во храната можела да предизвика акутно труење и можела да биде фатална, се наведува во соопштението.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/12/2024 15:01