Лидерката на француската крајнодесничарска партија Национален собир, Марин Ле Пен, денеска изјави дека се подготвува за предвремени претседателски избори, уверена дека времето на претседателот Емануел Макрон на таа функција „речиси поминало“.

Ле Пен, која е заслужна за значително зголемување на рејтингот на нејзината партија, се смета за водечки кандидат за претседателските избори, пишува весникот „Паризиен“.

Таа првпат се соочи со Макрон на изборите во 2017 година, а вторпат во 2022 година, кога постигна значително подобар резултат, но недоволно со оглед на тоа што актуелниот француски претседател беше реизбран.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/12/2024 23:56