Стотици севернокорејски војници се убиени или ранети во борбите со украинските војници во руската област Курск, изјави синоќа висок американски воен претставник.

-Неколку стотици жртви е нашата последна проценка за загубите на Северна Кореја, рече функционерот, кој сакаше да остане анонимен, пренесоа американските медиуми.

Според претходните извештаи на Западот, проценките се дека Северна Кореја ја поддржала руската агресија со испраќање неколку илјади свои војници во рускиот регион Курск.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/12/2024 00:32