Министерството за правда на САД ќе мора да исплати речиси 116 милиони долари за 103 жени кои тврдат дека биле сексуално злоупотребени во затвор во Калифорнија.
Жените го тужеа затворот за злоупотреба и сексуално насилство од затворскиот персонал наречен „клуб за силување“.
Бевме осудени на затвор, не бевме осудени на напад и малтретирање, изјави поранешната затвореничка Аиме Чавира.
Поранешниот управник на затворот Реј Гарсија и уште седум вработени сега се во затвор поради сексуална злоупотреба на затворенички. Осмиот чувар, Дарел Вејн Смит, го чека судењето по 12 точки од обвинението за сексуален напад.
Затворот беше затворен во април, а неговата трајна суспензија беше потврдена минатиот месец.
Просечниот износ што ќе го добие секоја жртва изнесува 1,1 милион долари. Тоа е најголемата отштета што Министерството за правда ќе ја плати на жените кои биле затворени