Американскиот претседател Џо Бајден се огласи за сѐ поголемиот број дронови кои се појавија на небото на три сојузни држави, изјавувајќи дека нема „никаква основа за загриженост“ во врска со овие необјаснети летала.

- Досега нема ништо злонамерно, но детално ја проверуваме ситуацијата, изјави Бајден за новинарите во Белата куќа.

Бајден додаде дека повеќето од овие дронови имаат дозвола за летање и дека се чини дека ситуацијата започнала како изолиран случај, кој потоа привлече повеќе учесници.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/12/2024 02:52