Франција има докази дека Русија се обидува да манипулира со влијателни личности во земјата, изјави францускиот министер за надворешни работи, Жан-Ноел Баро.
Тој на собраниската расправа посочи дека има докази, кои потврдуваат дека Русија исто така се обидува да манипулира со влијателни личности и во европските земји.
- Истрагите се во тек и ги повикуваме креаторите на содржини и нивните претплатници да бидат крајно внимателни во однос на овие закани за нашата јавна дебата, посочи Баро.
Францускиот весник Монд повикувајќи се на неименуван извор од француското разузнавање, објави дека повеќе од 2.000 европски креатори на содржини биле контактирани од луѓе блиски до руските власти за да шират проруска пропаганда, а прифатиле 20 лица, вклучително и девет Французи.