Британската полиција за борба против тероризмот е ставена во состојба на висока готовност поради потенцијални напади на британските џихадисти и приврзаниците на ИД кои се враќаат во земјата од Сирија, јави Скај њуз.
Во исто време, британската гранична полиција е исто така во состојба на готовност за џихадистите кои се ослободени од сириските затвори и кои може да се обидат да се вратат во Британија.
Националната координаторка за борба против тероризмот Вики Еванс рече дека моменталната закана од тероризмот е на високо ниво и дека, покрај нападите на исламските екстремисти, постои и ризик од напади од поединци кои не се водат од одредена идеологија