Критичарите на Доналд Трамп најавената масовна депортација на нелегални имигранти од САД сметаат дека таа би била логистички неизведлива, но сојузниците на новоизбраниот претседател имаат амбициозни планови.

Според Крис Кобач, главен обвинител на Канзас и голем поддржувач на антиимигрантската политика на Трамп, ако само мал дел од имигрантите бидат депортирани, останатите дојденци сами би си заминале од страв.

- Во моментот кога ќе започне обемната акција на властите, тогаш многу луѓе ќе си заминат сами и тоа од страв да не бидат уапсени, изјави Кобач.

Активистите за човекови права се загрижени дека политиката за масовни депортации може да се изведува во сензитивни места како училишта, болници или верски објекти.

Кобач смета дека полицијата нема да врши апсења на деца во основните и средните училишта.

Во врска со правото за добивање државјанство по место на раѓање, независно од тоа дали родителите се легално дојдени во САД, и најавеното одземање на ова право, Кобач смета дека оваа политика на новата администрација ќе биде правно оспорена.

Според Кобач масовната депортација на нелегални имигранти зависи од помошта што федералните служби треба да ја добијат од локалните и државните органи. Но самите локални службеници треба да добијат тренинг и опрема за апсење на имигранти, а тоа е предвидено според уредба во федералниот имиграциски закон.

- Не гледам како ваква програма на масовна депортација може да успее без тоа, изјави Кобач.

Илјадниците апсени имигранти треба да бидат преместени во центри каде чекаат депортација. Администрацијата на Бајден ги намали сместувачките капацитети на имиграциската служба. За реализација на својата програма за масовна депортација, новата администрација можеби ќе побара и од локалните затвори расположливи места за сместување на нелегалните имигранти, смета Кобач.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/12/2024 03:49