Жител на Њујорк се изјасни за виновен за правење заговор со цел да работи како нерегистриран странски агент, откако беше обвиненет дека раководел со „тајна полициска станица“ во Чајна таун (кинескиот кварт во Менхетен), за да помага на Пекинг во прогон на дисиденти.

На 61-годишниот Чен Џинпин му се заканува затворска казна до пет години.

Чен призна дека во септември 2022 година дејствувал да отстрани од интернет статија по барање на Кина и не се регистрирал како странски агент, а според законите на САД. Другиот обвинет во случајот, Лу Џјенван, соработува со истрагата и се изјасни за невин по слични обвиненија, вклучувајќи и попречување на правдата.

Апсењата следеа по извештај на шпанската група „Safeguard Defenders“ дека Кина создала мрежа од „сервисни станици“ во странство, вклучително и во Њујорк, кои незаконски соработуваат со кинеската полиција а за да вршат притисок врз некои бегалци да се вратат во Кина.

Обвинението тврди дека Чен и Лу, двајцата американски државјани, работеле во зграда во Чајна-таун, за наводо пружање рутински државни услуги со документи за кинеските граѓани, како обновување возачки дозволи. Меѓутоа, Лу наводно делувал по налог на Пекин за да пронајде еден активист на демократско движење кој живеел во Калифорнија, а пред тоа се обидел да убеди друга личност да се врати во Кина.

-Не постојат таканаречени тајни полициски станици, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Лин Џјен, додавајќи дека не е запознат со случајот.

Пекинг признава дека во странство постојат центри кои обезбедуваат услуги за обнова на документи, но инсистира дека во нив работат волонтери а не полицајци. Пекинг изјави дека Вашингтон измислил обвиненија за да го оцрни имиџот на Кина.

Министерството за правда на САД ја интензивира истрагата околу „транснационалните репресии“ од страна земји како Кина и Иран. Обвинението тврди дека њујоршката непрофитна организација наводно претставувала место за апсења на лица од провинцијата Фуџијан, и криела активности кои требало да бидат обелоденети.

Амбасадата на Кина во Вашингтон се уште молчи на барањето за коментар од страна на американските медиуми, а во врска со признанието на Чен.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/12/2024 03:53