Висок функционер на Белата куќа синоќа изјави дека нуклеарно вооружениот Пакистан развива програма за балистички ракети со голем дострел, која на крајот би можела да нападне цели надвор од Јужна Азија, вклучително и САД.

Заменик-советникот за национална безбедност, Џон Фајнер рече дека однесувањето на Исламабад покрена „вистински прашања“ за целите на неговата програма за балистички проектили.

-Искрено, тешко ни е да ги толкуваме дејствијата на Пакистан како нешто друго освен растечка закана за САД, рече Фајнер во говор во Фондацијата Карнеги. „Пакистан разви се пософистицирана ракетна технологија, од системи за балистички ракети со голем дострел до опрема што ќе овозможи тестирање на многу поголеми ракетни мотори“, рече тој.

Ако продолжат овие трендови, Фајнер верува дека „Пакистан ќе има способност да напаѓа цели подалеку од Јужна Азија, вклучително и САД“.

Неговиот говор е еден ден откако Вашингтон објави нова рунда санкции поврзани со пакистанската програма за развој на балистички ракети, вклучително и за државната одбранбена агенција која ја надгледува програмата



Автор: Администратор
Објавено на: 20/12/2024 14:04