Првата ѕвезда на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс го престигна Карим Абдул-Џабар и стана лидер по вкупниот број на минути поминати на теренот во историјата на НБА-лигата.
Четириесетгодишниот Американец ноќеска на средбата со Сакраменто ја надмина границата од 57.446 минути.
Лејкерси ги победија Кингс со 113:100.
Џејмс ја игра својата 22-ра сезона во најсилната кошаркарска лига на светот.
Во тековната сезона Леброн одигра 24 натпревари, со просек од 22,8 поени, 9,1 асистенции и 8 скока.